ВМРО-ДПМНЕ убедливо води на анкетата на НДИ
Според најновата теренска анкета на НДИ доколку утре има избори во Македонија за ВМРО-ДППМНЕ би гласале 21,5%, додека за СДСМ само 13,9%.Според анкетата 18,3 проценти од испитаниците не знаеле за кого ќе гласале на следните избори, додека одбиле да одговорат 8,5% од испитаните граѓани.
ВМРО-ДПМНЕ 21,5%
СДСМ 13,9% , ДУИ 6,2% , Алијанса 3,4% , Беса 3,6% , Левица 2,9% , Максим 1,7% , Не знам 18,3% , Одбивам одговор 8,5%.
На прашањето каде се движи државата дури 56% од испитаниците одговориле дека таа е во погрешна насока, додека само 11 проценти дека Македонија се движи во правилна насока.56% во погрешна насока11% правилна насокаТеренската анкета е направена од страна на НДИ на 1003 испитаници во месец април.Инаку ВМРО-ДПМНЕ според анкетата на Левичарскиот американски институт НДИ има раст од 4% додека СДСМ и ДУИ пад од речиси два проценти во споредба со анкетата направена во месец февруари и март, а објавена минатиот месец.На прашањето тогаш „Доколку изборите се одржат следната недела за која партија би гласате?“ повеќе од половина од испитаниците одговорија дека не би гласале или дека не знаат за кого би гласале.За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 17% од испитаниците, за СДСМ 12%, ДУИ доби поддршка од 8% од анектираните граѓани, 4% изјавија дека би гласале за Левица, 3% за Алијанса за Албанците, додека 1% поддршка доби Движењето Беса.Оваа теренска анкета била спроведена во периодот 22 февруари – 9 март 2023 година со примерок од 1.002 испитаници над 18-годишна возраст на целата територија на државата, преку методот лице в лице.