Здружението на слепи лица организира ,,Голбол” во Прилеп
Здружението на слепи лица од Прилеп, Национален сојуз на слепи на Република Македонија, во соработка со ООУ “Кире Гаврилоски – Јане” Прилеп, денес организираа спортски активности и натпревар во ,,Голбол” помеѓу вакви здруженија и клубови од повеќе градови од Македонија, во спортската сала на училиштето. Оваа игра е наменета за лица со оштетен вид. Грижата за лицата со попреченост и инклузијата која што ја практикува директорот на ова училиште Влатко Кузманоски, Локалната самоуправа заедно со Советот на Општина Прилеп, секогаш ги поддржува ваквите настани.