Пејачката Наташа Беквалац изјави дека треба да се легализира проституцијата
Пејачката Наташа Беквалац проговори за скандалот со елитната проституција кој ја “тресе“ Србија.
Таа вели дека ја поддржува идејата за легализација на проституцијата.
-Не познавам ниту една жена, не познавам ниту една колешка која знам дека се занимава со тоа. Можеби ќе бидам распната за оваа изјава, но мислам дека и тие жени го равотат тоа што го сакаат. Мислам дека треба да се легализира проституцијата, за да имаат корист од тоа сите, вклучително и државата, рече поп ѕвездата.