Езерцето во Точила повторно го разубавува паркот

Сподели на:

По ставањето во функција на езерцата во паркот на Могилата, функционално е и езерцето во Точила, а се работи и во населбата Димо Наредникот. ЈКП,, Комуналец’’- Прилеп, целосно го обнови и оштетеното езерце во Точила. Тоа е ставено во функција по изавршените работи со УВ врска и мрежа, неколку слојни изолации, премази и боја за базени, нова хидро и електрична мрежа. Езерцето во Точила беше функционално од 2012 до 2017 година. Се прават напори неделава да се оспособат гејзерите и фонтаните кои се оштетени од човечки фактор. Инаку, паркот со повеќе различни содржини во населбата Точила е со површина од 22.600м2, а изминатата недела беше извршено и бојадисување на клупите. Она за што се води континуирана грижа е детското игралиште кое е постојано во функција на најмалата популација. Иако минатата година беше извршена замена на мрежата на спортските терени, истата е оштетена од несовесни граѓани. Деновиве започна и целосната реконструкција на езерцата со гејзери во населбата Димо Наредникот, кои ќе бидат ставени во функција наредната недела. Парковите од левата и десната страна на ул,, Димо Наредникот’’ се повеќе наменски и се со површина од 7900м2.

Сподели на:

Слични Објави