Нов рекорд и повторно прилепчанец, 5 промили алкохол

Сподели на:

Нов рекорд и повторно прилепчанец. Прилепчанец возел низ Битола со 5,01 промили алкохол во крвта. Во вчерашната контрола на патиштата СВР Битола санкционирала 18 возачи за 35 видови прекршоци.

Возачот, кој сега руши рекорди во алкохол во крвата, синоќа, по полноќ, управуваувајќи возило под дејство на алкохол е санкциониран, бидјеќи кај него при контролата на полицијата се измерени 5,01 промили алкохол. Контролата на полицијата била по полноќ, од 00.00 до 05.00 часот на подрачјето на СВР Битола.

Пред неколку дена кумановец бил санкциониран возејќи со 4,86 промило алкохол во крвта, а само пред една недела, прилпечанец возјеќи низ Прилеп по полноќ, при стопирање од страна на полицијата и тестирање со дрегер-апарат, се покажало, речиси неверојатни вредности – 4,55 промили алкохол во крвта.

Сподели на:

Слични Објави