МВР: Исчезнатото девојче не е пронајдено, истрагата продолжува интензивно и во текот на ноќта

Сподели на:

Речиси цел ден, полицијата, членови на семејството и граѓани кои доброволно се јавија, трагаат по исчезнатото 14-годишно девојче од Скопје. Утрово тргнало за на училиште, но и се губи секаква трага.

За жал, Вања не е пронајдена. Од МВР велат дека истрагата ќе продолжи и во текот на ноќта.

-Се преземаат интензивни мерки и активности за пронаоѓање на В.Ѓ. (14) откако денеска (27.11.2023) во 08.35 часот З.Ѓ. од Скопје пријави дека се сомнева дека нејзината ќерка В.Ѓ. (14) е исчезната. За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Истрагата продолжува интензивно и во текот на ноќта, велат од МВР.

Сподели на:

Слични Објави