Проданоски: Цел на нашата економската политика е намалување на невработеноста
Почитувани сограѓани, 8 – ми мај е денот кога сите, ние, граѓаните на Р. Македонија, треба да одлучиме за нашата иднина и иднината на нашите поколенија. Ова е последната шанса да ја однесеме државата на вистинскиот пат. А тоа може да го направиме само со јасна визија, програма и проекти кои ги изработивме заедно со вас, за подобрување на квалитетот на живот. Нашите визии ги преточивме во програмата со која ја бараме вашата поддршка на овие парламентарни избори. Една од најважните теми и приоритети во нашата програма, а воедно и на идната влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ е економијата. Наша примарна цел е зголемување на животниот стандард на граѓаните во Македонија и овозможување подобри услови за живот на секој човек! ВМРО ДПМНЕ до 2028 година планира стапката на невработеност да ја намалиме до 7,5%. Тоа значи дека во следните четири години во Република Македонија ќе се креираат околу 55 илјади нови високоплатени работни места. А, за да го постигниме тоа, економската политика на идната влада на ВМРО ДПМНЕ ќе биде насочена кон економска трансформација и на Прилеп и на Македонија преку креирање на поволна економска клима за компаниите. Целите на нашата економската политика се: Намалување на невработеноста преку остварување на висок економски раст кој ќе го добиеме преку: -создавање на поволна бизнис-клима;-директна поддршка на домашните фирми за нови инвестиции и отворање нови работни места; -привлекување на нови странски директни инвестиции; -активни политики и мерки преку Агенцијата за вработување; -зголемена и таргетирана поддршка за повисок принос во земјоделството; -натамошна поддршка на градежништвото преку повисок износ на капитални инвестиции; – пораст на извозот -модернизација на образованието за создавање продуктивна работна сила. Ќе биде подобрен животниот стандард на просветните, здравствените, културните и социјалните работници, на вработените во судството, полицијата и во војската и на сите вработени во јавната и државната администрација. Платите ќе се зголемуваат со растот на економијата. За пензионерите ќе обезбедиме по 5 000 денари повеќе за пензии уште во првата година од мандатот. Со тоа ќе придонесеме за подобар и поквалитетен живот на највозрасните граѓани. Затоа, ве повикуваме на 8- ми мај да излезете масовно и да го заокружите бр. 2 и за листата за пратеници, бр. 2 и за претседател на државава Гордана Силјановска Давкова. За Македонија повторно да биде твоја! Македонија повторно горда!