Лионел Меси потврди: Нов играч сум на Интер Мајами

Сподели на:

Лионел Меси потврди: Нов играч сум на Интер Мајами, не се вратив во Барса затоа што се плашев од веќе видени сцени

Ова е конечната одлука на Меси која се очекува да биде обелоденета во следните часови. Меси ја одбил, наводно, нереалната понуда од Саудиска Арабја каде му се нудеше милијарда евра за договор и ќе ја продолжи кариерата во САД.

„Навистина сакав да се вратам во Барселона и бев возбуден, но, на другата страна, по се што искусив кога си заминував, не сакав да се најдам во истата ситуација пак: Да чекам што ќе биде и да ја оставам мојата иднина во нечии други раце. Донесов сопствена одлука, мислев за себе, за семејството. Иако чув дека Ла Лига прифатила се и дека било се спремно за мене да се вратам во Барселона, имаше уште многу работи кои требаше да се случат. Чув дека треба да се продаваат играчи, да се намалуваат плати, па не сакав да одам низ такво нешто. Веќе бев обвинет за многу работи кои не беа вистинити во Барселона, па не сакав пак да минувам низ такво нешто. Се плашев од истото нешто, затоа не потпишав со Барселона. Го одбрав Интер Мајами. Одлуката е 100% сигурна“

Сподели на:

Слични Објави