|

Два града во конкуренција за одржување на Евровизија 2023

Сподели на:

Велика Британија објави дека Евровизија 2023 година ќе се одржи во Ливерпул или Глазгов, откако Британија беше избрана за земја домаќин поради војната во Украина благодарение на второто место на британскиот претставник.

Седум британски градови првично се натпреваруваа за влез во потесниот круг, а победникот ќе биде објавен во рок од неколку недели, објави Би-Би-Си, која ќе го продуцира настанот.

Британската јавна радиодифузна корпорација појасни дека во процесот на селекција се фокусирале на оние британски градови кои претходно се докажале како добри домаќини на големи меѓународни настани.

Украина требаше да биде домаќин на натпреварот следната година, откако украинската фолк-рап група Калуш Оркестар победи на натпреварот во Торино во мај, а британскиот претставник Сем Рајдер го освои второто место со необичната песна Space Man.

И покрај негодувањето од владата на претседателот Володимир Зеленски, Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која ја води Евровизија, заклучи дека Украина не може да ја гарантира безбедноста на повеќе од 10.000 луѓе вклучени во продукцијата и на уште 30.000 обожаватели.

Украинската влада се согласи настанот да биде организиран од Велика Британија, но тој мора да го избликува украинскиот дух и карактеристики.

Евровизија е најголемиот светски музички настан во живо кој ги обединува изведувачите од цела Европа и Централна Азија, како и Израел и Австралија.

Според правилата на Евровизија, на Украина сè уште ѝ е загарантирано место во големото финале во 2023 година, заедно со првите пет земји на ЕБУ: Британија, Франција, Германија, Италија и Шпанија.

Сузан Аиткен, шеф на градскиот совет на Глазгов, на Твитер напиша дека шкотскиот град ги има „сите предуслови за организирање на Евровизија што светот ќе ја памети“.

Сподели на:

Слични Објави